
Рони О’Саливен е новиот светски шампион во снукер, откако во финалето на Светското првенство го порази Џад Трамп со 18-13.
О’Саливен дојде до седмата светска круна во кариерата и на тој начин се изедначи со легендарниот Шкотланѓанец – Стивен Хендри.
Во овогодинешното финале, Трамп поведе со почетни 1-0, но во продолжение, популарната ,,Ракета” ја презеде иницијативата.
Новиот првак водеше со убедливи 12-5 после втората сесија и во вториот ден, само рутински стигна до потребните осумнаесет фрејмови.
Светскиот играч број еден, на патот до финалето, ги совлада Дејвид Гилберт (10-5), Марк Ален (13-4), Стивен Мегваер (13-5) и Џон Хигинс (17-11).
Од друга страна, Трамп ги елиминира Хосеин Вафеи (10-4), Ентони МекГил (13-11), Стјуарт Бингам (13-8) и Марк Вилијамс (17-16).