
Долгата натпреварувачка недела во Контиолахти од Светскиот куп во биатлон заврши со денешните потери во машка и во женска конкуренција.
Кај мажите, првите две позиции беа идентични како и вчерашниот спринт, односно им припаднаа на Јоханес Тингнес Бо (32:44,4), кој победи во потера после три години и на Штурла Холм Лагреид (+19,2).
Третопласираниот од саботата, Роман Реес (+1:20,7) заврши како петти, а пред него беа уште Себастијан Самуелсон (+1:12,7) и ,,бронзениот” Емилиен Жакелан (+47,3).
Од друга страна, од жените, најбрза беше Жулија Симон (31:13,0), која славеше по петти пат во кариерата.
Пиедесталот го комплетираа Доротеа Вирер (+11,9) и Елвира Оберг (+21,7) пред Лиза Витоци (+26,3) и пред Ема Лундер (+33,2).