
Тркачкиот викенд во Лилехамер од Светскиот куп во крос-кантри беше завршен со трките на дваесет километри.
Во женска конкуренција владееше огромна неизвесност при која, првата позиција и’ припадна на Фрида Карлсон (53:51,9).
Швеѓанката, во завршниот спринт, ги остави зад себе Тирил Уднес Венг (+0,6) и Еба Андерсон (+1,2), а пласманот во топ 5 го заокружија Финкињите Криста Пармакоски (+2,9) и Керту Нисканен (+3,5).
Кај мажите, Паал Голберг (48:14,5) триумфираше на полесен начин, пред тројцата свои сонародници – Сјур Роте (+0,9), Мартин Левстром Нингет (+1,1) и Дидрик Тонсет (+1,7).
Исто време како Тонсет имаше и носителот на зелената маичка, Вилијам Порома (+1,7), кому му беше доделено петтото место после фотофиниш.
Во првите десетмина се пласираа вкупно осум Норвежани и двајца Швеѓани што ја потврдува скандинавската доминација во отсуство на Русите.