
Јарл Магнус Риибер продолжува да испишува историја во нордиска комбинација, откако денес дојде до 51. победа во кариерата.
Имено, Норвежанецот (24:49,2) беше првопласиран и после двете серии на домашен терен во Лилехамер, доаѓајќи до сигурен триумф.
Вчерашниот победник, Јенс Лураас Офтебро (+47,5), го освои второто место, додека третопласиран беше најдобриот тркач – Винценц Гајгер (+1:02,7).
Гајгер беше предводник на групата од шест скијачи од кои, без пиедестал останаа Јоханес Ридзек (+1:03,4), Марио Зајдл (+1:03,5), Лорен Муленталер (+1:04,8), Матео Бод (+1:06,2) и Јулијан Шмид (+1:08,6).