
Третиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во биатлон, одржан во Анеси, Гран-Борнар (Франција), беше отворен со машкиот спринт.
На него, својата доминација ја продолжи Јоханес Тингнес Бо (22:52,2), кој дојде до петтата овосезонска победа од вкупните шест индивидуални трки.
Неговиот сонародник, Штурла Холм Лагреид (+17,6), го освои второто место по четврт пат во 2022/23, а третопласиран беше Германецот Бенедикт Дол (+38,8).
Поради едното промашување, победникот на првата трка, Мартин Понсилуома (+52,1), го испушти пиедесталот и ја зазеде четвртата позиција, а заостаток под една минута имаше уште Тимофеј Лапшин (+59,9).