
На првиот спуст во Вал Гардена, Италија, Винсент Крихмајер ја прекина овосезонската доминација во најбрзата дисциплина на Александер Омодт Килде.
Имено, Австриецот (1:25,44) дојде до тринаесеттата победа во кариерата и шеста во спуст за својот дваесет и осми подиум.
Лидерот во генералниот пласман, Марко Одермат (+0,11) доби нови осумдесет поени, заземајќи го второто место, додека третопласиран беше Матијас Мајер (+0,13).
Ветеранот Жоан Клери (+0,23) ја освои четвртата позиција, а победникот на првите три овосезонски брзински трки, Килде (+0,26), беше петти.
Во продолжение, под половина секунда доцнеа уште: Јозеф Ферстл (+0,28), Џејмс Крофорд (+0,32), Нилс Алегре (+0,44), Беат Фојц (+0,49), Стефан Рожентан (+0,50) и Сем Морс (+0,50).