
Две екипи со слична судбина во изминатата деценија, Палермо и Бари, ја имаа честа да го отворат дваесет и првото коло од италијанската Серија Б. .
Имено, на нивниот втор меѓусебен дуел во оваа сезона, Палермо славеше со минимални 1-0 и ја продолжи својата низа на осум мечеви без пораз.
На натпреварот, шанси имаше и на двете страни, а единствениот гол падна на осум минути пред крајот, кога Иван Маркони (82′) најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник.
До последниот судиски свиреж, гостите останаа и со играч помалку бидејќи, најдобриот стрелец во лигата, Валид Кедира, заработи втор жолт картон.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бари го зазема четвртото, а Палермо – деветтото место.