
По трите меѓусебни порази во низа, синоќа, Колорадо Аваланш успеаја да ги надиграат Ванкувер Кенакс со 1-4.
На средината на мечот, Аваланш веќе водеа со 0-3, а до крајот на втората третина беа постигнати уште два гола, односно по еден и на двете страни.
Единствен голгетер за домаќините беше Елијас Петерсон, додека за актуелните шампиони погодија Ендру Кољано, Валери Ничушкин, Мико Рантанен и Бред Хант.
Во Западната конференција, Колорадо влезе во плејоф-зоната на осмата позиција, додека Ванкувер го зазема дванаесеттото место.