
Последната трка од Светското првенство во алпско скијање во женска конкуренција беше денешниот слалом во Мерибел, Франција.
На неа, до сензационално злато дојде Канаѓанката Лоренс Ст. Жермен (1:43,15), која беше трета после првата серија.
Ст. Жермен стана првата Канаѓанка со најсјајното светско одличје после 1960 година, а притоа го оствари и најдобриот пласман во својата кариера.
Лидерката после првиот дел, Микаела Шифрин (+0,57), се закити со сребро, а бронзен медал освои Лена Дир (+0,69).
За две стотинки, без пиедестал остана Мина Фирст Холтман (+0,71), а под една секунда доцнеа уште Петра Влхова (+0,85) и Алин Даниот (+0,97).
Освен Холтман, најголема трагичарка беше и второпласираната од првата серија, Венди Холденер, која остана без пласман поради грешка.