
Во спортот рагби лиг, најквалитетните светски натпреварувања се англиската Супер лига и австралиската НРЛ.
Токму победниците од овие две првенства, пред почетокот на новите сезони, меѓусебно ги одмеруваат силите, а победникот се стекнува со титулата ,,светски првак”.
Денес, за првпат после 2020, односно после паузата предизвикана од КОВИД-19, на стадионот ,,БлуБет” во Пенрит, силите ги одмерија Пенрит Пантерс и Ст. Хеленс.
Во изедначен дуел, англичаните Ст. Хеленс дојдоа до светската круна, откако со ,,златен поен” во продолжението славеа со 12-13.
Прецизни шутери за победничкиот состав беа Томи Мекинсон, Марк Персивал и Луис Дод, а по едно положување имаа Џек Велсби (8′) и Конрад Харел (15′).
Од друга страна, Нејтан Клери погоди две конверзии за домаќините, а по еден есеј постигнаа Ајзак Таго (51′) и Брајан То’о (78′).
За ,,Светците”, ова беше трета светска титула и прва после 2007, додека Пантерс го загубија и третото финале во својата историја.