
Тимот на Милвол влезе во плејоф-зоната, заземајќи го петтото место, откако во триесет и третото коло од Чемпионшип го совлада Шефилд Јунајтед со 3-2.
Во тензичен натпревар, домаќините поведуваа во три наврати, а нивен главен протагонист беше Том Бредшоу (6′, 63′, 88′).
Велшанецот успеа да постигне хет-трик и да му донесе важни три бода на својот тим во битката за влез во Премиер лигата.
На спротивната страна, ,,Сечилата” израмнија во два наврати, благодарение на Томас Дојл (39′) и на Џејмс МекАти (82′).
За гостинскиот состав, ова беше прв лигашки пораз уште од 8 ноември, кој сепак го остави на втората позиција на табелата.