Каролина Хурикејнс синоќа ја прекинаа серијата од три порази, откако славеа со 0-3 над Колумбус Блу Џекетс.
Имено, гостинските хокеари ја затресоа мрежата на Јоонас Корписало еднаш во првата и двапати во втората третина.
Стрелец на првиот погодок беше Брејди Скјаи, а освен него погодија уште Јеспер Фаст и Мартин Нецаш.
Од победничкиот состав, со 19/19 одбранети удари, Американецот со српско потекло, Алекс Недељковиќ, го запиша својот втор шут-аут во НХЛ.
Со новите два поени, Каролина изби на второто место на Централната дивизија, додека Колумбус остана на петтата позиција.
📸 Jamie Sabau/NHLI via Getty Images