По третпат на последните четири меѓусебни средби, Сакраменто Кингс славеа над Кливленд Кавалирс, овој пат со 105-119.
Во првото полувреме, двете екипи одиграа изедначена кошарка со предност и на двете страни.
Сепак, во третиот и во четвртиот квартал, Сакраменто во континуитет имаше резултатска позитива.
Најефикасните играчи на мечот, двајцата од победничкиот состав, беа Де’Арон Фокс и Тајрис Халибартон со 30, односно со 28 постигнати поени.
Од нивните соиграчи, дабл-дабл учинок од 17 поени и од 16 скокови запиша Ришон Холмс.
На спротивната страна, ЏаВејл МекГи и Дериус Гарленд беа најпрецизни со 18 и со 17 кошеви.
На Истокот, Кливленд (16-27) го зазема дванаесеттото место, додека Сакраменто (18-25) е тринаесетти на Западот.
📸 Jason Miller/Getty Images