Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарес, кој е еден од најдобрите голгетери на денешницата и викендов стигна до бројка од 500 гола во кариерата, прогнозира дека Норвежанецот Ерлинг Халанд ќе одбележи своја ера во фудбалот. Халанд кој има 20 години, држи неколку рекорди во Лигата на шампионите и ако продолжи во ист ритам, ќе биде вистински наследник на Суарес.
Сезонава Халанд за Борусија Дортмунд даде 33 гола и има 8 асистенции на 31 настап, додека Мбапе на 36 настапи за ПСЖ има 30 гола и девет асистенции. Норвежанецот е чиста деветка и вистински „убиец“ во близина на противничкиот гол, додека Французинот кој е постар 18 месеци и веќе има светска титула, е посестран напаѓач кој може да игра и како крило.
Заедничко им е што се екстремно брзи и тешки за чување, па со право се најавува дека тие ќе бидат главни фудбалски ѕвезди во блиска иднина. Сепак Суарез иако е во поодминати фудбалски години и понатаму голгетерски е еден од најистакнатите светски фудбалери.