
Њујорк Ренџерс на посакуван начин ја завршија мини-турнејата низ Канада, откако славеа над Монтреал Канадиенс и над Торонто Мејпл Лифс.
Во дуелот со второнаведениот состав, ,,Ренџерите” беа приморани да играат продолжение за да триумфираат со конечни 1-2.
Уште во првиот период, водство на составот од Њујорк му донесе Мика Зибанеџад со својот прв гол сезонава.
Торонто играше далеку подобро со поголем број на упатени удари, но единствен што ја затресе мрежата на Игор Шестјоркин беше Мајкл Бантинг.
Шестјоркин го заврши мечот со 97,56% одбрани, односно со 40/41 одбранети шутеви.
Во продолжението, на Артеми Панарин му беа потребни 03:48 минути за да го постигне првиот овосезонски гол и да го освои целиот ,,плен” за својот тим.
После меѓусебната пресметка, двете екипи имаат по пет освоени поени и ги заземаат втората и третата позиција во Источната конференција.



