
Тенеси Титанс им го нанесоа вториот овосезонски пораз на Бафало Билс, откако во мега-пресметка, ги совладаа со 34-31.
Генерално, Бафало цело време ја држеше предноста на своја страна, сè до четвртата четвртина, кога со серија од 10-0, домаќините го презедоа водството.
Сепак, Билс имаа можност за триумф во последната минута, но неверојатната дефанзивна реакција на Тенеси спречи нов прв даун на два јарди од својата енд-зона.
Од победничкиот состав, убедливо најдобар играч беше Дерик Хенри, кој освои 143 јарди со трчање и постигна неверојатни три тачдауни.
Освен него, шутерот Ренди Балок беше задолжен за вкупно десет поени, а уште еднаш, топката со пробивање во енд-зоната ја внесе квотербекот Рајан Тенехил (216 јарди од 18/29 обиди).
За Бафало, кикерот Тејлор Бас придонесе единаесет поени, а тачдауни постигнаа Стефон Дигс, Кол Бизли и Томи Свини.
Квотербекот Џош Ален беше втор најдобар тркач со 26 јарди, а притоа освои и дополнителни 353 јарди од 35/47 прецизни додавања, придружени со три тачдауни и со еден пресечен пас.
После шест одиграни натпревари и двете екипи имаат учинок од 4-2, кој ги држи при врвот на табелата на АФК.
Во соработка со НФЛ Македонија



