Бостон Ред Сокс направија пресврт и поведоа со вкупни 2-1 во полуфиналната серија против Хјустон Астрос, откако во третиот дуел славеа со 12-3.
Веќе после три ининзи, домаќините стекнаа предност од 9-0, која се покажа како сосема недостижна до самиот крај.
Од редовите на Хјустон, во листата на стрелците се запишаа Кајл Такер, Мајкл Брантли и Јордан Алварез, сите во четвртиот ининг, при фрлањата на Едуардо Родригез, кој освои вкупно седум страјк-аути.
Од друга страна, за Ред Сокс поентираа: Алекс Вердуго, Џеј Ди Мартинез (х2), Кајл Шварбер (грен-слем), Хантер Ренфроу (х2), Кристијан Вазкез (х2), Кристијан Аројо (х2) и Рафаел Деверс (х2).
Четвртиот дуел од меѓусебната серија ќе биде одигран во Бостон, вечерва со почеток од 02.08 часот после полноќ.