
Во десеттото коло од англискиот Чемпионшип, Кардиф го запиша четвртиот пораз во низа, со вкупна гол разлика од 1-11 во истиот период.
Денес, велшкиот состав, на домашниот ,,Кардиф Сити Стадиум”, беше во потполност надигран од ВБА со 0-4.
Уште во петтата минута, Карлан Грант, со својот трет гол на последните два натпревари, го отвори резултатот и им донесе почетно водство на гостите од 0-1.
Во воведниот дел на второто полувреме, Куртис Нелсон (56′) ја затресе сопствената мрежа за 0-2, а до крајот на мечот, во листата на стрелците се запишаа уште Алекс Моуат (75′) и Мет Филипс (82′).
Со натпревар повеќе во однос на Барнмут и на Ковентри, ВБА се искачи на врвот на табелата, додека Кардиф падна на шеснаесеттото место.