
Манчестер Сити го запиша само вториот пораз сезонава во сите натпреварувања, откако во второто коло од ЛШ, го загуби дербито против ПСЖ со 2-0.
Иако ,,Граѓаните” започнаа со притисок уште од самиот старт, Идриса Гана Геј им донесе водство на домаќините од Париз уште во осмата минута после првата сериозна шанса.
Во продолжение, избраниците на Пеп Гвардиола ја задржаа иницијативата и креираа повеќе стопроцентни шанси, од кои, најмногу се истакна нереалниот промашај на Бернардо Силва (27′).
Во второто полувреме, Сити продолжи со исто темпо, но неговите надежи паднаа во вода кога Лионел Меси (74′), со дебитантскиот гол за ПСЖ, зголеми на недостижни 2-0.