
Првото московско дерби во новата КХЛ сезона замина во корист на Динамо, кој денес славеше над Спартак со 6-3.
Во втората третина, номиналните домаќини поведуваа трипати преку Вадим Шипачјов, Андреј Педан и Дмитри Рашевски, додека ,,Црвените” израмнија двапати благодарение на Џејк Виртанен и на Дмитри Вишневски.
После неполни шест минути во третиот дел, Владислав Јефремов зголеми на 4-2 за Динамо, додека последниот гол за Спартак го постигна Иван Дроздов.
До крајот, ,,Сините” уште двапати ја затресоа мрежата на Оскар Данск со прецизните шутеви на Станислав Галиев и на гореспоменатиот Рашевски.
Во Западната конференција, Динамо го зазема првото место со осумнаесет поени, а Спартак – петтата позиција со дванаесет бодови.