
Третиот натпреварувачки ден во Рухполдинг (Германија) од Светскиот куп во биатлон се состоеше од третата овосезонска машка штафетна трка.
На неа, стопроцентниот учинок го задржаа Норвежаните (1:10:51,4), кои славеа на сите три досегашни трки од овој тип.
За победничката селекција настапија Штурла Холм Лагреид, Тарјеи Бо, Ветле Сјастад Кристијансен и Јоханес Тингнес Бо.
Второто место го зазеде репрезентацијата на Германија (+20,1), односно Давид Зобел, Јоханес Кин, Бенедикт Дол и Роман Реес, а третопласирана беше Франција (+55,6) во состав на: Ерик Перо, Квентин Фијо Маје, Антонан Жигона и Фабиен Клод.
Во продолжение, во топ 5 се најдоа уште Шведска (+1:49,3) и Италија (+1:56,8).