
Четиринаесеттото коло од турската одбојкарска Султанлар лига го отворија екипите на Саријер и на Сигорта.
Имено, Саријер го искористи домашниот терен и ја оправда фаворитската улога, триумфирајќи со конечни 3-1.
По сетови, резултатот гласеше 25-18, 24-26, 25-23 и 25-20 во корист на избраничките на Хасан Челик.
Од нивните редови, најефикасни поединки беа Моксри Чатчу-он и Кимберли Древниок со 17, односно со 22 поени.
На спротивната страна, двоцифрен број на поентирања имаа само Келси Пејн (23) и Михаела Млејнкова (13).
На табелата, Саријер скокна на седмото место, оставајќи ја Сигорта на дванаесеттата позиција.