
По трите меѓусебни порази во низа, Кунлун Ред Старс успеаја да запишат триумф над Витјаз Подолск, откако денес ги совладаа со 4-0.
На мечот, домаќините постигнаа еден гол во првата и еден гол на почетокот на третата третина, пред да реализираат уште двапати на празна мрежа во самиот финиш.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Лук Локхарт, а по еднаш погодија Кори Кејн и Томаш Јурчо.
Голманот на Ред Старс, Метју Џурусик, ги одбрани сите 38 противнички удари и го избори четвртиот шут-аут во сезоната.
На табелата на Западната конференција, Кунлун остана на претпоследното, а Витјаз на шестото место.