
По вторпат во низа, дербито на Квинсленд во НРЛ завршува во полза на НК Каубојс.
Имено, во деветтото овосезонско коло, НК Каубојс ги добија ривалите Бризбејн Бронкос со 19-18 во последните минути од мечот.
Двете екипи постигнаа по три есеи на денешниот натпревар, а разликата ја направи дроп-голот во завршницата на Валентин Холмс.
Холмс, исто така, погоди 2/3 конверзии и 1/1 пенал, а есеите за Каубојс беа дело на Кајл Фелдт (3′), на Конели Лемуелу (55′) и на Џејсон Таумалоло (74′).
Од спротивната страна, Ксавиер Коутс (7′), Рајс Кенеди (33′) и Џеси Артарс (61′) забележија полагање, а прецизен од трите конверзии беше Џамејн Исаако.
Со серијата од четири победи на последните пет средби, НК Каубојс избија на десеттото место на табелата, додека Бронкос ја заземаат четиринаесеттата позиција.



