Екипата на Норт Мелбурн Кенгарус со силни чекори цели кон признанието ,,дрвена лажица”, кое се доделува на најслабиот тим од АФЛ.
Имено, во дербито на дното, ,,Кенгурите” денес го доживеаја и деветтиот овосезонски пораз, губејќи од Колингвуд Мегпајс со (11.10) 76-94 (14.10).
Во текот на мечот, Колингвуд цело време ја одржуваше двоцифрената предност, а клучна за триумфот беше втората четвртина што ја добија со 10-34.
Најзаслужен за победата на ,,Страчките” беше напаѓачот Џордан де Гои, кој забележа вкупно 39 поени (6.3).
Од неговите соиграчи, хет-трик имаше Дарси Камерон (3.1), а два гола постигнаа Брејди Мајочек (2.0) и Скот Пендлбери (2.0).
Кај Кенгарус, солидна поентерска партија имаа Џејдин Стивенсон (2.2), Камерон Зурхаар (2.2), Терин Томас (2.1) и Џек Махоуни (2.0).
На табелата, Колингвуд, со втората победа сезонава, им го препушти претпоследното место на Хоторн Хокс, додека Норт Мелбурн останува на дното како единствен тим без ниеден освоен бод.