Бризбејн Лионс ја разгорија битката за врвот со Мелбурн Демонс, откако во шеснаесеттото коло ги совладаа Вестерн Булдогс со (16.12) 108-67 (9.13).
Булдогс влегоа во мечот на ефикасен начин, но во втората, во третата и во четвртата четвртина, ,,Лавовите” во потполност ја презедоа контролата.
Имено, домаќините дојдоа до предност со серијата од 34-8, а во второто полувреме беа подобри со 63-30.
Од редовите на гостите од Викторија, по два гола постигнаа Арон Нотон (2.2) и Рајли Вест (2.1).
Кај победниците, двоцифрени беа четири фудбалери, односно Чарли Камерон (4.0), Џоу Данихер (2.3), Џерод Бери (2.1) и Линколн МекКарти (2.0).
На табелата, Бризбејн се израмни со првопласираните Мелбурн Демонс, додека Вестерн Булдогс се борат за плејоф, заземајќи ја деветтата позиција.