По петте меѓусебни порази во низа, Манли Си Иглс успеаја да ги совладаат Мелбурн Сторм со 36-30 во рамките на шеснаесеттото коло од тековната НРЛ сезона.
Домаќините и во двете полувремиња забележаа по осумнаесет поени, додека Сторм беа значително подобри во вториот дел, но не успеаја да го надоместат заостатокот од првиот период.
За победничкиот состав, Дарил Чери-Еванс погоди четири шутеви, а есеи постигнаа Толутау Коула (7′, 57′), Џејсон Сааб (20′, 39′), Кристијан Туипулоту (23′), Морган Харпер (48′) и Хаумоле Олакау’ату (51′).
На спротивната страна, поените ги забележаа Ник Мини (13′ и две конверзии), Брендон Смит (53′), Нелсон Асофа-Соломона (74′), Рајан Папенхајзен (77′, 79′ и една конверзија) и Џастин Олам (78′).
На табелата, Манли изби на седмото место, додека Мелбурн остана на втората позиција.