Нашата најдобра женска репрезентација загуби од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во Оран. 6 голови постигна Јована Кипријановска, а се издвоија Ивана Џатевска со 5 погодоци и Теодора Дукоска и Борјана Коцева со по 4 голови.
Следниот натпревар го играме утре против репрезентацијата на Србија со почеток во 12:15 по локално време.