
Денешниот спуст во Квитфјел (Норвешка), кој беше замена за спустот од Лејк Луис, донесе неочекуван расплет на настаните.
Имено, победата ја поделија двајца неочекувани скијачи, односно Нилс Хинтерман и Камерон Александер (1:44,42).
За Хинтерман, денешниот триумф беше прв после 2017, додека Александер се искачи на врвот за првпат во кариерата и стана првиот Канаѓанец со победа во најбрзата дисциплина после Ерик Геј од 2014.
На третото место се пласираше најдобриот Австриец, Матијас Мајер (+0,12), а Беат Фојц (+0,19) и Александер Омодт Килде (+0,20) го комплетираа пласманот во топ пет.
Во продолжение, во првите десетмина се најдоа уште: Жоан Клери (+0,57), Даниел Данклмајер (+0,61), Симон Јохер (+0,61), Гуљелмо Боска (+0,68) и Доминик Парис (+0,70).