Шестиот настан од новата сезона во велосипедизам беше најдолгата еднодневна трка во календарот, односно пролетниот класик Милано – Санремо.
Истата е долга 299 километри, а оваа година се одржа нејзиното 112. издание.
Денес, на патиштата во северна Италија, изненадувачки најбрз беше Јаспер Стујвен (Трек-Сегафредо), кој славеше на третата еднодневна трка во својата кариера со време од 6:38:06.
Белгиецот, во финишот ги натспринта Кејлеб Уан и Воут Ван Аерт, кои го комплетираа подиумот.
Несреќата на овој класик продолжи за Петер Саган, кој повторно го освои четвртото место, а пласманот во топ 5 го комплетираше Матје ван дер Пуел.
📸 Tim de Waele/Getty Images