Екипата на Брентфорд направи уште еден кикс и дополнително го отежна своето влегување во позициите што водат директна промоција во Премиер лигата.
Имено, во увертирата на 38. коло, екипата од Лондон на домашен терен ремизираше 1-1 со Нотингем Форест.
После првото полувреме, домаќините водеа со 1-0, а стрелец од пенал беше Ајван Тони (12′).
За Англичанецот, ова беше 28. овосезонски лигашки погодок за опстанок на првото место на листата на стрелците.
Во вториот период, Нотингем имаше неколку добри шанси, а една од нив искористи Хрватот Филип Кровиновиќ (63′), кој го постигна дебитантскиот гол за Форест.
За Брентфорд, ова беше второ реми во низа, кое го оддалечи на четири поени од второто место, додека Нотингем го презеде 17. место со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
📸 Justin Setterfield/Getty Images



