На денешната програма во Клингентал, Германија, беше претпоследното овосезонско натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација.
На неа, после двете серии првопласиран беше Јарл Магнус Риибер (26:25,5), кој дојде до петтата овосезонска победа, а воедно и до третиот кристален глобус во низа.
Норвежанецот, во самиот финиш, беше за 0,7 секунди побрз од Јапонецот Акито Ватабе, додека Јоханес Лампартер (+1:05,3), од деветтата напредна до третата позиција.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Мануел Фаист (+1:06,3), Еспен Андерсен (+1:07,7), Јоханес Ридзек (+1:10,7), Рјота Јамамото (+1:13,4), Марио Заидл (+1:18,9), Фабијан Рисле (+1:22,6) и Ерик Френцел (+1:23,8).
📸 Matthias Hangst/Getty Images