
Далас Каубојс го запишаа четвртиот пораз на последните пет средби одиграни на Денот на благодарноста, откако синоќа, после продолжение, загубија со 33-36 од Лас Вегас Рејдерс.
После неверојатниот меч, кој заврши со 33-33 после регуларниот дел, Рејдерс ја прекинаа серијата од три порази со прецизниот филд-гол на Даниел Карлсон.
За нив, ова беше прв меч после 2016 во кој два фаќачи освоија над 100 јарди – ДеШон Џексон (102) и Хантер Ренфроу (134).
Недисциплината на Каубојс ги доближи противниците до триумфот, откако на трет даун, домаќините направија казни вредни 110 јарди што претставува рекорд на НФЛ во последните три децении.
Од играчите на Лас Вегас, топката во енд-зоната ја внесоа гореспоменатиот Џексон, Џош Џејкобс и Маркус Мариота, а стартниот квотербек, Дерек Кар, уфрли 373 јарди од 24/39 обиди за додавање.
Од друга страна, тачдауни за Каубојс постигнаа Шон МекКион, Езекиел Елиот, Тони Полард и Далтон Шултц, а шутерот Грег Зурлајн промаши еден филд-гол и еден екстра-поен.
Квотербекот Дак Прескот имаше две додавања за тачдаун и вкупно 32/47 прецизни обиди за 375 јарди.
Во АФК, Рејдерс (6-5) го заземаат единаесеттото место, додека Далас (7-4) падна на петтата позиција во Националната конференција.
Во соработка со НФЛ Македонија



