
Бафало Билс го затворија Денот на благодарноста во САД со триумфот од 6-31 над Њу Орлеанс Сеинтс.
Билс имаа целосна доминација на контролата на натпреварот и водеа со 0-10 на полувреме, односно со 0-24 на прагот на третата четвртина.
Од дефанзивците на Сеинтс, во втората четвртина, по едно додавање на Џош Ален пресекоа Бредли Роби и Квон Александер.
Сепак, квотербекот на Бафало го заврши мечот со четири уфрлени тачдауни и со освоени вкупно 303 јарди (260 со додавање и 43 со трчање).
Од неговите соограчи, дца тачдауни постигна Досон Нокс, а по еден – Стефон Дигс и Мет Брида.
На спротивната страна, единствен поентер беше Ник Ванет, а квотербекот Трој Симијан имаше 163 јарди од 17/29 прецизни додавања.
Во пресрет на останатите средби од дванаесеттото коло, Бафало (7-3) ја држи третата позиција во АФК, додека Сеинтс (5-6) се деветти во НФК.
Во соработка со НФЛ Македонија