
Во првиот натпревар од денешната КХЛ програма, Сочи го порази Амур Хабаровск со резултат од 0-2.
Стрелец на првиот гол за ,,Леопардите” беше Никита Точицки на стартот на втората третина.
Откако прими погодок, Амур започна со својата иницијатива, но голманот на гостите, Магнус Хелберг, ги одбрани сите 39 удари и го запиша четвртиот шут-аут во сезоната.
При крајот, домашниот состав нападна со вишок играч во поле, а празната мрежа ја искористи Васили Глотов, кој го постави конечниот резултат на 83 секунди пред крајот.
Со третиот триумф во низа, Сочи скокна на десеттото место на Западот, додека Амур ја зазема истата позиција во Источната конференција.



