
Во последниот меч од дванаесеттото коло на АФЛ, Бризбејн Лионс го запишаа третиот овосезонски пораз.
Имено, во дуелот на најдобриот напад и на најдобрата одбрана во лигата, Фриментл Докерс беа подобри од ,,Лавовите” со (15.9) 99-85 (13.7).
Бризбејн имаше блага предност во првото полувреме, но со серијата од 31-0 во третата четвртина, Докерс го презедоа водството и го задржаа до крајот.
Од поразениот состав, најефикасни во нападот беа Чарли Камерон (3.0) и Зек Бејли (4.0).
На спротивната страна, Мајкл Фредерик (3.0) и Рори Лоб (3.1) запишаа хет-трик, а најдобар во офанзивата беше Бејли Банфилд (4.1).
На табелата, двете екипи имаат ист учинок и го делат второто место со една победа заостаток во однос на лидерите Мелбурн Демонс.