
На деветтата трка од календарот на Мото 3 категоријата, до втората овосезонска победа дојде Изан Гевара.
Шпанецот триумфираше на домашен терен во Барселона со речиси две секунди предност во однос на најблиските ривали и го задржа второто место во генералниот поредок.
Имено, лидерот во вкупниот пласман, Серхио Гарсија, заврши како четврт, односно испушти подиум за само пет стотинки.
На втората позиција заврши Шпанецот Давид Муњоз, кој ја извоза само втората трка во кариерата, а третопласиран, по вторпат во низа, беше Татсуки Сузуки.
Во првите десетмина завршија уште: Денис Онџу, Карлос Татаи, Џон МекФи, Хауме Масија, Адријан Фернандез и Чавиер Артигас.
Еден од конкурентите за титулата, Денис Фоџа, не ја заврши трката поради проблеми со мотоциклот.