На деветтата трка од овогодинешната Мото 2 сезона, Челестино Виети ја запиша третата победа.
Имено, Италијанецот го зголеми своето водство во генералниот пласман, откако во Барселона, во последниот круг, го претекна Арон Канет.
На третата позиција заврши домашниот возач, Аугусто Фернандез, а последен член на водечката група беше Џејк Диксон.
Пласманот во првите десетмина го комплетираа: Марсел Шротер, Педро Акоста, Аи Огура, Алонсо Лопез, Мануел Гонзалез и Тони Арболино.
Во текот на првата половина, се чинеше дека Џо Робертс ќе има соло-трка, но на дванаесет кругови пред крајот, Австралиецот излета од патеката додека имаше над две секунди предност во однос на најблиските ривали.