Синоќа започна првото коло од тековната МЛБ сезона во коешто се соочија Лос Анџелес Доџерс и Сан Франциско Џајантс. Двете екипи се големи ривали коишто се борат за егемонија во Калифорнија.
На синоќешниот натпревар, Сан Франциско поведе со 0-1 после третиот ининг, а во наредните шест ининзи, домаќините направија одлична серија од 8-0 што им ја донесе победата од вкупен резултат од 8-1.
Единствениот хоум-ран на натпреварот го постигна Порториканецот Енрике Хернандез, кој од 2015 го носи дресот на ЛА Доџерс.
Освен овој меч, беше одигран и дуелот помеѓу актуелните шампиони Вашингтон Нешоналс и Њујорк Јенкис, во којшто, претставниците на „Големото јаболко“ славеа со 1-4.