Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев, потпиша едногодишен договор со тимот на Џио Струмица. По долга пауза Милев одлучи да се врати во матичниот клуб. Џио Струмица има амбиција да се врати на европската сцена по подолго време, односно да ја искористи можноста за учество во Челенџ купот на ЦЕВ.
Според најавите од Џио Струмица, покрај Милев, клубот ќе направи напор да потпише со уште неколкумина репрезентативци,