
Иако изборија пласман во плејофот на магичен начин, авантурата на Питсбург Стилерс заврши уште во првата фаза со поразот од Канзас Сити Чифс од 42-21.
На овој начин, младиот квотербек на Чифс, Патрик Махоумс, го испрати во пензија легендарниот колега од редовите на Стилерс – Бен Ротлисбергер.
Ротлисбергер, на последниот меч во кариерата, уфрли 215 јарди од 29/44 комплетирања и два тачдауни, кои завршија во рацете на Џејмс Вашингтон и на Дионте Џонсон.
Од друга страна, Махоумс освои 404 јарди од 30/39 обиди, а притоа имаше пет тачдауни и еден пресечен пас.
Од неговите соиграчи, топката во енд-зоната ја внесоа Бајрон Прингл, Џерик МекКинон, Тревис Келси, Тајрик Хил и Ник Алегрети.
Исто така, двајца од наведените играчи, Келси и Прингл, имаа своја заедничка минијатура за уште еден тачдаун.
Во конференциското полуфинале, Чифс ќе ги одмерат силите со Бафало Билс, кои ги прегазија Њу Ингланд Патриотс со 47-17.
Во соработка со НФЛ Македонија




