Пред само два дена, Медисон Кис го освои вториот ВТА турнир во Аделаид, а веќе денес избори пласман во втората рунда од Австралијан Опен.
Во првиот меч од првиот грен-слем во годината, Американката ја доби својата сонародничка, Софија Кенин, со 2-0.
По сетови, резултатот гласеше 7-6 (7-2), 7-5, а крајот дојде после само деведесет и две минути.
Кенин е тринаесетта носителка на Австралијан Опен и освојувачка на истиот турнир од 2020, додека Кис е вицешампионка на УС Опен од 2017.
На денешниот натпревар, во првиот сет и двете ривалки ги освоија своите гемови, додека во втората партија, три од последните четири гемови беа всушност брејкови.
Статистички, Кис ја доби Кенин со 15-0 во асови, со 31-17 во винери и со 24-27 во неизнудени грешки.
Во втората рунда, Американката ќе ги одмери силите со подобрата од дуелот помеѓу Жакелин Адина Кристијан и Греетје Минен.