
Сан Франциско 49ерс влегоа во плејофот како седмопласиран тим, но изборија конференциско полуфинале, совладувајќи ги Далас Каубојс со 17-23.
Далас беа носители во пресрет на овој дуел и на првиот плејоф натпревар уште од 2019, на ,,АТ&Т Стадиум” беа присутни околу сто илјади гледачи.
Сепак, 49ерс подобро се снајдоа среде домашните симпатизери и после третата четвртина водеа со 7-23.
Носители на играта на гостите од Калифорнија беа воедно и двата поентери со тачдаун, Илај Митчел и Дибо Самуел, кои освоија по 96, односно по 72 јарди со пробивање.
Нивниот квотербек, Џими Гарополо, уфрли 172 јарди од 16/25 комплетирања и едно пресечено додавање.
На спротивната страна, Дак Прескот имаше 254 јарди од 23/43 прецизни обиди, еден пресечен пас и по еден тачдаун со додавање и со пробивање.
Освен Прескот, тачдаун за домаќините постигна уште фаќачот Амари Купер во втората четвртина.
Во втората фаза од доигрувањето, Сан Франциско ќе гостува кај Грин Беј Пекерс, кои беа првопласирани во Националната конференција и имаа слободен викенд.
Во соработка со НФЛ Македонија




