Пред една недела, Минесота Твинс беа поразени од Торонто Блу Џејс со 5-3, но синоќа го возвратија ударот и триумфираа со 3-1.
До четвртиот последователен триумф, претставниците на Минеаполис дојдоа во третиот ининг, кога запишаа три поени.
Најпрво, Андрелтон Симонс освои четири бази, а потоа, хоум-ран запиша Бајрон Бакстон при кој поентираше уште Луис Араез.
Во шестиот период, единствениот поен за гостите го донесе Маркус Семиен со својот 42. хоум-ран во сезоната.
Покрај Семиен, една од ретките светли точки на Блу Џејс на оваа средба беше и стартниот фрлач, Хозе Бериос, со освоени десет страјк-аути.
Во Американската лига, Торонто (85-69) го држи шестото место, а Твинс ја заземаат очајната тринаесетта позиција.