Деветтото коло од тековната Чемпионшип сезона го отворија два натпревари, во кои славеа двата фаворити.
Имено, Ковентри, за момент, дојде и до врвот на табелата барем на минута, совладувајќи го Питерборо Јунајтед со 3-0.
За домашниот состав, првиот гол го постигна Густаво Хамер (57′), а во наредните седум минути, двапати стрелаше најдобриот стрелец во лигата – Виктор Гјокереш (61′, 64′).
Во вториот дуел, КПР експресно поведе против ВБА уште во 44. секунда, кога триесетгодишниот Андре Греј ја затресе мрежата на Сем Џонстон.
Во продолжение следуваше опсада на ВБА, која кулминираше со двата прецизни шутеви на Карлан Грант (75′, 88′), комплетирајќи го пресвртот на домаќините.
Сепак, првиот гол за ВБА беше запишан како автогол на голманот Тимоти Диенг, откако неговата несмасна реакција ја смести топката позади неговиот грб.
Во моментот, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, ВБА и Ковентри ги држат првите две места на табелата.
Од друга страна, Питерборо е првиот тим над ,,опасната” зона, додека КПР ја зазема осмата позиција.