
Пенрит Пантерс, иако важеа за аутсајдери, успеаја да ги детронизираат актуелните шампиони, Мелбурн Сторм и да им се одмаздат за поразот во минатосезонското финале.
Имено, во очекувано тврд натпревар, Пантерс ги поразија Сторм со 6-10 и по вторпат во низа изборија финале на НРЛ.
Во најважниот меч, актуелните вицешампиони ќе ги одмерат силите со Саут Сиднеј Рабитохс, од кои веќе беа поразени во прелиминарното финале со 10-16.
Денес, на ,,Санкорп Стадиум” во Бризбејн, Пенрит забележаа два есеи преку Стивен Крајхтон (2′) и Брајан То’о (42′) и после еден час игра водеа со 0-10.
Првите, а воедно и единствените поени за Мелбурн, беа постигнати во 62. минута, кога Рајан Папенхајзен запиша полагање и веднаш потоа сам успешно го конвертираше истото.
Во второто полувреме, ѕвездата на Пантерс, Нејтан Клери, направи сериозен прекршок над Кени Бромвич за кој сè уште ја чека казната што значи дека неговиот настап во финалето е под знак прашалник.



