
На последниот натпревар од регуларниот дел на тековната НХЛ сезона, Колорадо Аваланш ги совладаа Нешвил Предаторс со 3-4.
После двесте секунди игра, гостите веќе водеа со 0-2, но на втората пауза, резултатот гласеше 3-3, пред Аваланш да дојдат до триумф на минута и пол пред крајот.
За победничкиот состав, хет-трик заби Нејтан МекКинон, а уште еднаш реализираше Девон Тјус, додека, на спротивната страна стрелаа Кифер Шервуд (х2) и Лук Еванџелиста.
На Западот, Нешвил го освои десеттото место, а Колорадо, со третата позиција, избори осминафинале против Сиетл Кракен.