Во првиот меч од последното коло на регуларната АФЛ сезона, Мелбурн Демонс ги декласираа Бризбејн Лионс со (8.9) 57-115 (18.7).
Актуелните шампиони го отворија резултатот уште во дваесет и втората секунда, а во текот на цел натпревар имаа двоцифрена предност.
На полувремето, гостите водеа со +66, но максималните +72 беа достигнати во четвртата четвртина.
Од домашните редови, единствени со двоцифрен број на поени беа Хју МекКлагиџ (2.0) и Џоу Данихер (2.1).
Од друга страна, кај Демонс најефикасни беа Бен Браун (3.0), Бејли Фритч (4.0) и Кајзеа Пикет (4.1).
На табелата, Мелбурн речиси сигурно го обезбеди второто место, додека Бризбејн е четврт, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.