
Ст. Луис Кардиналс ја продолжија својата серија на четири победи, откако синоќа славеа над Колорадо Рокис со убедливи 13-0.
После три ининзи, домаќините имаа предност од 10-0, а до крајот рутински ја завршија посакуваната работа.
Единствените играчи со хоум-ран на мечот беа Алберт Пухолс (грен-слем) и Ларс Нутбаар, а со трчање поентираа уште: Брендан Донован (х2), Пол Голдшмидт, Томи Едман (х2), Нолан Горман, Тајлер О’Нил и Дилан Карлсон (х2).
Во Националната лига, Кардиналс (66-51) го држат четвртото место, а Рокис (51-69) се наоѓаат на единаесеттата позиција.




