Во дербито на шестото коло од новата АФЛ сезона, Мелбурн Демонс ги поразија Ричмонд Тигерс со (8.6) 54-76 (9.22).
За Демонс, ова беше тринаесетта победа во низа во АФЛ што претставува нов клупски рекорд.
Победниците беа подобри во текот на целиот натпревар, но сепак губеа на полувремето со 33-30, пред сè поради недоволно прецизната реализација.
Кај ,,Тигрите”, најефикасни беа Џек Риволдт (2.1) и Том Линч (2.0), кои постигнаа по еден гол во првото и во второто полувреме.
Од противничкиот табор, најрасположени во офанзивата беа Бејли Фритч (2.2) и единствениот фудбалер со хет-трик – Сем Вајдеман (3.0).
Мелбурн е единствениот тим со стопроцентен учинок и останува на првата позиција, додека Ричмонд го зазема дванаесеттото место.